
Вилоу Смит за операцијата на задникот: Бразилскиот лифтинг, и неговите опасности
Вилоу Смит, ќерката на познатиот актер Вил Смит проговори за операцијата на задникот која размислувала да ја направи, откри што ја предизвикало, но и што ја отповикало од идејата.
Препорачано
Џејда Пинкет Смит и нејзината ќерка Вилоу Смит во неодамнешно гостување во „Red Table Talks“ обете признаа дека биле заинтересирани да направат бразилски лифтинг на задникот.
View this post on Instagram
Актерките мајка и ќерка, за кои неодамна се дозна дека не функционираат во регуларен концепт на семејство со сопругот и татко Вил Смит, јавно проговорија за незадоволството од изгледот на нивните задници, идејата да се подложат на потфат за подигнување на задникот и како се повлекле од идејата откако дознале за опасностите на добропознатата процедура Бразилски Лифтинг („BBL“).
View this post on Instagram
Објавата отвора дискусија за опасностите од Бразилскиот Лифинг и трендовските процедури во пластичната хирургија создадени за да им овозможат на луѓето да подигнат задник и ја истенчат половината.
View this post on Instagram
Вилоу призна дека иако размислувала за зафатот, сепак се одлучила најпрво да се обиде со фитнес вежби да дојде до тој ефект.
„Да бидеме реални. Размислував да ја изведам операцијата само многу малку. Но, потоа отидов во теретанa, и го постигнав истото“, изјави Вилоу.
View this post on Instagram
Џејда додаде дека утринското вежбање на Вилоу било толку ефикасно, што луѓето почнале да претпоставуваат дека таа навистина била на Бразилски Лифтинг.
„Сакаш задник? Едно нешто што мајка ти знае да го направи е да изгради задник“, ѝ рекла Џејда на Вилоу.
View this post on Instagram
И покрај неговото име, Бразилскиот Лифтинг всушност не е баш „лифт“, туку е прекар за липосукција – земање на маснотии од некој дел од сопственото тело и пренесување (или трансплантација) на тие маснотии во задникот.
Резултатот на овој зафат е поисполнет задник, кој допринесува за сеопфатен изглед на послаба фигура, но последиците од подлегнување на „BBL“ („Brazilian Butt Lift“ – Бразилско Подигнување на Задникот) не се многу дискутирани во јавноста и ова е меѓу поважните излегувања на оваа тема.
View this post on Instagram
Процедурата изведува голем пренос на маснотии што доведува до голем ризик, бидејќи има поголем притисок врз тој дел на телото од таа маснотија. Поголемиот притисок пак значи помало снабдување на крв, па и поголем ризик од потенцијално катастрофална инфекција, која се случува денови или недели по самата операција.
Популарноста на „BBL“ пред се се должи на актуелноста на фигурата на „песочен часовник“ која е распространета насекаде низ Инстаграм прикажувајќи модифицирани тела стокмени за социјалните медиуми.
View this post on Instagram