
Викторија Бекам одлучи да каже „доста“ на конфликтите со најстариот син Бруклин: „Време е …“
Викторија Бекам (51) наводно рекла „доста“ по конфликтите и емоционално отуѓување од нејзиниот најстар син Бруклин (26). И покрај бројните обиди да ја поправат нивната нарушена врска, поранешната членка на Спајс Грлс верува дека повеќе не може да „ја води истата битка“ и одлучила да стави крај на постојаните несогласувања, пренесува „Мирор“.
Викторија и сопругот Дејвид Бекам (50) со месеци се во конфликт со Бруклин и неговата сопруга, наследничка на богато семејство, Никола Пелц (30). Ситуацијата беше дополнително комплицирана кога Бруклин не присуствуваше на ниту еден од настаните за 50-тиот роденден на Дејвид во мај, што беше протолкувано во британските медиуми како јасен знак за сериозен раздор во семејството Бекам.
Препорачано
Пресвртницата за Викторија се случи во пресрет на премиерата на нејзината документарна серија на Нетфликс „Викторија Бекам“. Според извори блиски до неа, снимањето на проектот бил многу корисен за неа бидејќи ѝ помогнал да сфати колку е сакана и поддржана од остатокот од нејзиното семејство. Во исто време, таа се убедила дека на крајот повторно ќе се поврзе со Бруклин. Многумина ја препознаа нејзината порака за помирување во трејлерот за серијата, во кој има краток клип од нејзиниот син кога бил бебе.
„Тоа беше емотивно патување за Викторија, од тагата што е одвоена од Бруклин до сознанието дека не може да продолжи да поминува низ истата болка. Сфати дека е време да ги остави работите да си одат“, изјави извор за „Мирор“.
Во меѓувреме, Бруклин продолжува јавно да ја нагласува лојалноста и поддршката на својата сопруга. За време на неодамнешното појавување на турнирот за голф на познати личности „Рајдер Куп“, тој нагласи дека „најважно за него е да има сопруга што ќе го поддржува покрај себе“, додавајќи дека не е засегнат од негативните коментари. „Ние си го правиме своето, не ни е гајле за другите и сме среќни“, рече Бруклин.
Младиот пар сега живее во Соединетите Држави, далеку од семејството Бекам, а последен пат беа видени заедно на семејно собирање за Божиќ минатата година.
Во документарната серија, која пристигнува на Нетфликс на 9 октомври, Викторија ќе се осврне и на деловните предизвици со својот моден бренд. Брендот бележи загуби со години, но дури неодамна почна да закрепнува. Трејлерот содржи и емотивни сцени во кои Дејвид ја теши својата сопруга што плаче, нагласувајќи колку е важна семејната поддршка за неа.
Иако Викторија сè уште верува дека нејзиниот однос со нејзиниот син на крајот ќе биде обновен, таа јасно става до знаење дека повеќе не сака да ги повторува истите конфликти или да го носи разочарувањето сама. Според блиски извори, таа одлучила да се фокусира на она што го има и на семејството што сега е со неа.