Драгица Солумчева,професорка / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Надлежните не го знаат значењето на поимите философија, логика и етика, вели проф. Солунчева

Потписниците на концепцијата се чини се имагинарни личности . Единствената која што се појавува како апологет во јавноста е министерката, а таа не знае. Платоновски таа не знае дека не знае. Големиот Сократ би кажал: „човекот греши само од незнање“. Чинам дека министерката не го знае значењето на поимите философија, логика и етика. И оттаму ја прави оваа грешка – вели професорката.

Не се согласувам со нашата министерка за образование и наука, вели за „Слободен печат“ Драгица Солунчева, професорка по философија, етика и логика при скопската гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“, која им припишува дека нивните критички забелешки се засновуваат на лична корист. Солунчева е една од професорите по философија кои доставија отворено писмо до минстерката Весна Јаневска како рекција на новата концепција за гимназиско образование.

– Пред сè би сакала да потенцирам дека во моите критички осврти, исклучиво се водам од идејата за општото добро. Доколку внимателно ги прочитате отвореното писмо на гимназиските професори по философија, логика и етика, како и мислењето на Катедрата по философија ќе ја согледате заснованоста на мојот став, истовремено и ако ги погледнете и индивидуалните коментари и критики на фелата. Според мене предложената концепција представува деструкција – вели Солунчева.

Фатални се последиците од примената на овие реформи, според професорката, ова е тенденциозно и ќе доведе до уништување на младината.

– Целосно уништување на образовањето во Македонија, а преку него и на целата држава. Неретко си го поставувам прашањето, дали е сето ова тенденциозно и осмислено со намера да се уништи младината?! Би сакала да потсетам дека во античка Грција оние кои што се соочуваа со вакво обвинение истовремено се соочуваа со смртна казна. Таква е штетата во државата доколку се гибне во младината. И тоа не смееме да го дозволиме – вели Солунчева.

Намалениот број на часови по философија ќе има трајни последици

– Се согласувам со министерката дека ние би можеле сите овие предмети оддални да ги именуваме како философија. Се разбира, логиката и етиката се философски дисциплини. Меѓу тоа, таа сака философското образување да го сведе на 4 часа неделно, на сметка на сегашните 11 часа неделно. Нека ни допуштат философијата да ја предаваме по четирите учебни години и се разбира дека ние философски дисциплини ќе им ги пренесаме на учениците. Факат е дека ние сакаме да создадеме ученици кои ќе треба да бидат идните интелектуалци, а при тоа нема да знат логички да мислат – рече таа.

Клучниот проблем Солунчева го гледа во анонимноста на оние кои што ја создадоа концепцијата и смета дека носењето на ваква концепција се заснова на неетички чин или на незнаење.

– Потписниците на концепцијата се чини се имагинарни личности . Единствената која што се појавува како апологет во јавноста е министерката, а таа не знае. Платоновски таа не знае дека не знае. Големиот Сократ би кажал: „човекот греши само од незнање“. Чинам дека министерката не го знае значењето на поимите философија, логика и етика. И оттаму ја прави оваа грешка – вели професорката.

Солунчева пропустот го гледа и во тоа што предлозите за реформа се базираат само на анкета, без при тоа да биде вклучена фелата.

– Според мене е премногу дилетантски, доколку така се заснова создавањето на концепција и стратегија за образовање во една држава. Наведов низа од тие логички и методолошки грешки спознаени во самата концепција, повикувањето на анкетата е несомнено една од тие грешки. Видете, анкетата е правена во првото полугодие од 2023. до 2024. година во септември, меѓу ученици од трета и четврта година. Тоа значи дека учениците во тој период имале само неколку часа по конкретните предмети, така што тие ни не можеле да создадат објективно застанован суд и мислења за самите области – рече таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот