Д-р. Стефан Арсенков / Фото: Слободен Печат / Драган Митрески

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Со иновации се „рушат“ старите методи, со 3Д-печатење до операција на отворено срце

Напредокот во технологиите како вештачката интелигенција, 3Д-печатењето и виртуелната реалност значително започна да ги менуваат сите области на науката и медицината. Овие иновации овозможуваат нови и поефикасни начини во медицината кои ја подобруваат точноста, брзината и безбедноста на операциите. Традиционалните методи на работа и понатаму се важни, но сепак, новите технологии го менуваат и го кратат процесот на подготовка за оперирање во тек на операција и пократко закрепнување на пациентот.

Во утринската емисија „Слободен печат“ разговаравме со доктор Стефан Арсенков, специјалист по абдоминална хирургија на Универзитетската клиника „Св. Наум Охридски“ и коосновач на компанијата „3DLoom“, која е специјализирана за комбинирање на нови технологии како што се вештачка интелигенција, 3Д-печатење и виртуелна реалност. Тој заедно со медицинскиот тим под водство на д-р Васил Папестиев во Универзитетската клиника „Државна кардиохирургија“ во Скопје, успешно ја изврши операцијата на отворено срце.

Арсенков е млад хирург кој ја употреби оваа можност да ја примени виртуелната реалност и 3Д-печатењето во различни области на хирургијата. Со тоа им овозможи на колегите еден иновативен, прецизен начин за подобрување на хируршките резултати при оперирање.

Д-р Стефан Арсенков / Фото: Слободен Печат / Драган Митрески

Тој и неговиот тим, на почеток, не очекуваа дека овој метод на 3Д-печатење на органите ќе биде толку успешен и прецизен.

-Проблемите кои пробувавме да ги решиме не се проблеми коишто лесно може да ги најде човек на Гугл, да пише: „Како да го испринтам срцево за да ми излезе добро аортата?“, туку треба да откриеме сами –  објаснува Арсенков за „Слободен печат“.

Д-р Стефан Арсенков / Фото: Слободен Печат / Драган Митрески

Ова укажува дека новите иновации ги „рушат“ старите методи во науката и медицината во Македонија кои помогаат при секоја подготовка на предоперативен зафат. Арсенков ни објаснува како тие реплики на органите им помагаат на хирурзите за подготовка на операција.

-Се занимаваме со креирање на овие 3Д-модели за предоперативна подготовка, коишто се, во суштина, идеална реплика на органите на пациентот со која подобро се запознаваме со индивидуалната анатомија на секој од пациентите и можеме да бидеме многу попрецизни, поефикасни и побезбедни при извршување на операциите.

За „Слободен печат“ Арсенков ни објаснува дека на почеток, неговите колеги биле многу скептични за практикување на овој процес во медицината, особено во Македонија.

-Можеби на моменти почувствував дека има некои, ајде да речам, погледи на сомнеж, како „што е сега ова и што измисли сега, нови играчки на Стефан, со што се занимава!?“ – ги опишува Стефан реакциите на неговите колеги.

Д-р Стефан Арсенков / Фото: Слободен Печат / Драган Митрески

За Арсенков ова е мотивирачки момент кој  го натерал да им го покаже спротивното и да докаже дека Македонија има потенцијал за иновативност и напредок во областа на медицината.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот