ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Неческа: Ја донесовме вештачка интелигенција на македонскиот пазар

Мартина Наумовска Неческа/Фото:Слободен печат

Има ли Македонија генијалци и иноватори? Што креираат генијалците и по што се издвојуваат од своите врсници? Колку иновации има во државава и колку се иновативни нашите поединци, а на колку се работи? Прашања на кои малкумина го знаат одговорот. „Слободен печат“ ќе се обиде преку серијал да обезбеди барем мал дел од одговорите и да им даде шанса на генијалците и на иноваторите да ѝ ги претстават своите креации и идеи на пошироката јавност. Креатори на игри, успешни шахисти, инженери, научници, балерини … се само дел од ликовите што ќе бидат дел од нашиот серијал. Се надеваме дека на ваков начин ќе ја поттикнеме јавната свест но и надлежните институции да се издвојуваат повеќе средства за оваа намена, да најдат начин да ги промовираат нивните идеи онаму каде што треба за подобро утре за сите нас. Воедно, ова нека биде и отворен повик до сите што сакаат да ги споделат своите успеси и иновации со нас, но и со целата јавност, да се пријават на официјалната имејл-адреса.

Мартина Наумовска Неческа е млада девојка со енергија која плени.  Љубовта кон математиката ја мотивирала уште од средношколските денови да истражува сé повеќе и повеќе во областа. Се образувала насекаде по светот, но се вратила во Македонија да ја донесе вештачката интелигенција на македонскиот пазар.

Мартина Наумовска Неческа/Фото: Слободен печат

-Секогаш ме водела една друга димензија од ИТ, а тоа е, како луѓето и како компаниите се справуваат со своите податоци, бидејќи во периодот кога почнував електротехнички факултет, никој не зборуваше на таа тема. Кога завршив средно образование, решив дека сакам мојот животен, кариерен пат да го посветам во ИТ-технологијата. По завршување на факултетот, бев многу среќна што бев примена на техничкиот факултет во Виена на една насока што и дури тогаш беше многу нова, а таа е насоката на вештачка интелигенција- вели Мартина.

Но желбата за дома и била многу голема.

Имав многу големи амбиции дека ќе ја донесам вештачката интелигенција во Македонија и дека тука ќе направиме бум, и така натака… Да се биде дома не е воопшто лесно, она што го научив надвор, го пренесов тука во „Дата мастерс“ и дома, со тоа што самата просторија каде што снимаме денес и оние педесет луѓе, речиси педесет луѓе што работат во овие канцеларии, е доказ дека споделувањето знаење и љубовта за тоа да се донесе вештачката интелигенција на македонскиот пазар, и тоа како се исплати и вродува труд- вели Неческа.

Целото интервју на колешката Агнеса Чаволи погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот