ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Како одличниот ученик стана префектен готвач и сопственик на „Фет кичен“?

Никола Исаиловски - Фет кичен / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Има ли Македонија генијалци и иноватори? Што креираат генијалците и по што се издвојуваат од своите врсници? Колку иновации има во државава и колку се иновативни нашите поединци, а на колку се работи? Прашања на кои малкумина го знаат одговорот. „Слободен печат“ ќе се обиде преку серијал да обезбеди барем мал дел од одговорите и да им даде шанса на генијалците и на иноваторите да ѝ ги претстават своите креации и идеи на пошироката јавност. Креатори на игри, успешни шахисти, инженери, научници, балерини … се само дел од ликовите што ќе бидат дел од нашиот серијал. Се надеваме дека на ваков начин ќе ја поттикнеме јавната свест но и надлежните институции да се издвојуваат повеќе средства за оваа намена, да најдат начин да ги промовираат нивните идеи онаму каде што треба за подобро утре за сите нас. Воедно, ова нека биде и отворен повик до сите што сакаат да ги споделат своите успеси и иновации со нас, но и со целата јавност, да се пријават на официјалната имејл-адреса.

Никола Исaиловски е сопственик или познат како  „Фет Цацко“ е сопственик на „Фет кичен“. За себе вели дека љубовта кон готвењето ја наследил од баба му.

Никола Исаиловски – Фет кичен / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

-Баба ми, многу сакаше да сука пити, да прави домашни пити, и всушност јас секогаш наместо да бидам во дневната или во собата со играчките, јас бев кај баба ми в кујна… И кога завршив осмо одделение, бев нормално со сите петки, одличен ученик, и кога ме прашаа моите: „Каде ќе се запишеш?“, јас им реков, угостителско- вели Исаиловски.

За „Фет кичен“ вели дека тоа е негово место каде што твори.

Никола Исаиловски – Фет кичен / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

– Тоа е нашето место каде што твориме, креираме и создаваме вкусни јадења за нашите стомаци. Во моментов, нели, популарни се „specialty coffee“, e ние сме малку „specialty“ јадења. Во 2017 г. почнавме јутјуб-канал што се викаше „Фет кичен“, беа емисии за готвење и почнавме да готвиме по настани, почнаа доста да нè бараат, да нè викаат по настани, приватни настани. Така порасна приказната… Поддршка некоја поконкретна од некои поконкретни институции немаме, си правиме сè сами- вели Исаиловски.

До младите порачува да бидат свои и да не се откажуваат од сонување.

Никола Исаиловски – Фет кичен / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

-Една порака имам за сите што сакаат да бидат поразлични од секојдневието, да не се откажуваат од својот сон, да почекаат… можеби едно-две години нема да се исплати, меѓутоа ако веруваат во тоа што го прават, на крај, секогаш ќе биде успешно- вели Исаиловски.

Никола Исаиловски – Фет кичен / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Целото интервју на колешката Агнеса Чаволи погледнете го во продолжение: 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот