ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Јове Кекеновски: Секогаш преговараме на сопствена штета

Јове Кекеновски/фото Слободен Печат/Слободан Ѓуриќ

Универзитетскиот професот Јове Кекеновски смета дека можеби е време некој наш политички лидер да им објасни на нашите партнери во Европската Унија дека на нас ни е потребна егал позиција во односите со Бугарија и билатералниот спор со оваа земја да биде оставен за решавање откако Македонија ќе стане полноправна членка на Унијата.

– Ние преговараме, но секогаш преговараме на сопствена штета. Сите овие години што се преговара, јас навистина не памтан некое решение да не произлегло, а да не е на наша сопствена штета. Без разлика дали во моментот или подоцна. Се покажа дека сме многу непринципиелни, односно попустливи во тој сегмент, вели Кекеновски во неговото гостување на утринската програма на Слободен печат.

За актуелните преговори со Бугарија, тој смета дека вистинска штета направил министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– Мислам доколку на чело на министерството за надворешни работи беше Македонец, некој што си ја сака сопствената држава, соспствениот народ, немаше да ни се случат толку остапки со Бугарија колку што ни се случија и да имаме срамен договор којшто гази по нашето достоинство и кој им овозможува на бесрамен начин да ја ревидираат сопствената историја на сметката на нашата – додава професорот.

Во интервјуто тој се осврна и т.н. „хашки случаи“, кои по препорака на Советот на Европа би требало повторно да се покренат. Сепак, тој е изненаден од поголемите македонски партии, кои постојано го игнорираат ова прашање, особено откако партиите од т.н. албански политички блок јавно порачаа дека ова прашање го сметаат за затворено.

– Злосторствата против човештвото не застаруваат и затоа ова прашање не смее да се третира како затворено – додаде Кекеновски.

Професорот не сакаше да шпекулира со тоа кој ќе победи на претстојните избори, но призна дека би бил среќен доколку победата ја однесе ВМРО-ДПМНЕ. Сепак, тој не е сигурен дека партијата која ја поддржува ќе успее потоа лесно да ја формира владата, како и дека новиот премиер ќе може да расчисти со криминалот, којшто според Кекеновски е навлезен во секоја пора од општеството.

– Најбитен е одбирот на кадрите, наместо послушници на функција треба да се постават квалитетни луѓе – посочи Кекеновски.

Целото интервју со нашиот гостин, погледнете го на следното видео:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот