ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Деревјов: На вулканот Охос дел Саладо видовме многу животни, дури и фламинга

Илија Деревјов/фото Слободен Печат/Слободан Ѓуриќ

Охос дел Саладо е највисок активен вулкан на светот. Според Глобалната програма за вулканизам на Смитсоновскиот институт најновата позната ерупција се случила пред околу 1.300 години. Сепак, постојат и некои докази за емисија на мали количества пепел во 1993 година, што дефинитивно ќе го квалификува вулканот како историски активен. 

Никола Нешкоски и Илија Деревјов не стравувале од избуви и се одлучиле за авантура, да го совладаат овој вулкан. Со тоа тие се запишуваат во историјата како првите Македонци кои се искачија со велосипеди на Охос дел Саладо.

– Тоа што се случило во минатиот век не ни играше никаква улога, Овој вулкан не бил активен долго време, така што беше исклучена можноста дека може да ни се случи нешто такво. На пример, Етна е активен вулкан, но не те пуштаат геолози да се качиш до врвот – вели Деревјов за „Слободен печат“.

Логистички гледано од оваа перспектива сè се одвивало глатко по планот, немале никакви непријатности и потешкотии.

– Првата точка започнува од Скопје, нас потешко ни беше да тргнеме од овде на авион за да стигнеме до Чиле од патот по вулканот. Тоа ни беше, искрено, пола предизвик да се стигне до таму. Се погоди да летаме во период кога има магли. Летавме со „Туркиш ејрленс“ , компанијата има таква политика, во одреден степен на магла не летаат, ни откажаа лет, па моравме да се снаоѓаме од аеродром до аеродром со огромен багаж – објаснува Деревјов.

Интересно е што во овој пустински предел нашите соговорници успеале да сретнат и животни.

– За едно чудо има животни, до одреден дел има и вегетација, езерцата солени од каде и го добива името вулканот, но над 4 000 метри веќе се чувствува пустински предел. Сретнавме лами, глувци и фламингоси. Колку повисоко се искачуваш станува потешко движењето бидејќи има многу силен ветер, ако е – 10 степени целзиусови, се чувствува како – 30 степени, па затоа и многу екпесдиции пред нас сеоткажале – вели Деревјов.

Целиот разговор погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот