Др - Андреј петров - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Др - Андреј петров - Фото Слободен печат - Методи Здравев

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Д-р Петров: Сонцето е најголем канцероген фактор за кожата

Време на летни одмори, високо УВ зрачење, проблеми со кожата. Кога е време да се посети дерматолог? Што е со алергиите на сонце? Треба ли да се исконтролираат промените на кожата после летните одмори? Како треба да се негуваме и што доколку се јават изгореници од сонце? Утрово на овие теми, но и за ласерските третмани и подмладувањето зборуваме со доктор Андреј Петров, дерматолог од приватната болница „Аџибадем Систина“.

 

Докторот вели дека сонцето е најголем канцероген фактор за кожата. Препорачува да не се излегува на сонце од 10 до 17 часот, а ако има докажана алергија на сонце, пред да се оди на одмор да се земаат антихистаминици барем една недела. На тој начин, треба превентивно се делува на реакцијата која би настанала.

– Вообичаено на пациентите им советуваме да користат заштитни фактори за сонце кои се за чувствителна алергиска кожа. Честопати ме прашуваат, кои се тие? Најдобрите фактори се со минерални филтри. Зошто? Заради тоа што минералните филтри можат да се користат и од нула месеци. Можат да се користат и кај бебе, а можат да се користат и кај возрасни луѓе кои се склони кон развивање на алергиски реакции – вели Петров.

Во однос на тоа дали има визуелна разлика меѓу алергија на сонце и алергија на храна и како да ја разликуваме, вели дека најбитна е анамнезата.

– Не можете да бидете сигурни и да кажете без алергиски тест дали е алергија затоа што може да биде од некоја физичка причина. Кај луѓе што се малку понервозни, механичкиот притисок на кожата предизвикува појава на пликови. Како тоа да се документира? Треба да се посети дерматолог да ги докаже другите типови на алергиски реакции, што се прави со процедура на алерголошки тестирања и евентуално дали сонцето е алерген – вели Петров.

Тој објаснува дека поновата генерација на антихистаминици можат да се пијат подолго време, но ако нема ефект постои и биолошка терапија, за која вели дека е чекор напред во третманот на алергија. За промените на кожата после сончање вели дека треба консултација со дерматолог.

– Кога ќе се забележи таква промена, не треба да се игнорира. Тоа не значи дека треба да се плашите да одите на сонце, напротив, треба да се изложувате на сонце, но со заштитен фактор. Ако се забележи промена во однос на граници, на боја на бенката, консултација е неопходна бидејќи често за бенка за која сме мислеле дека е безопасна всуштост не е бенка, и од неа се развива тумор – вели Петров.

Објаснува дека во нивната болница користат најсовремен систем на дигитална дермоскопија која може да даде архивирање на бенките и прецизна дијагностика. Треба да се види промена на границите, промена на бојата, промена на асиметријата, крвавење, зголемување. Не треба да се чека.

Др - Андреј петров - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Д-р – Андреј Петров – Фото Слободен печат – Методи Здравев

-Проблемот настанува кога нештото го занемаруваме на долг период. Ние како луѓе имаме една особина, сите сакаме да не мислиме на лошите работи и да ги игнорираме. Ако ги игнорираме, работите нема да поминат. Треба да се соочиме со проблемот. Кај нас ласерскиот систем е заокружен, затворен. Работиме со 10 ласери. Можеме практично да третираме сè што се прави во кој било светски центар – вели Петров.

Тој објаснува дека можете да исечете израсток без да го шиете, да отстраните нешто на лицето без да направите лузна. Имаат и техники за подмладување, бидејќи тоа во денешно време е многу модерно.

– Не ми се допаѓа она што го гледам како тренд, кој мислам дека е погрешен, сè да е волуменозно. Мислам дека сега ќе почне обратниот тренд, убавината да биде што поприродна, да не личи пластично и вештачки. Тоа може да се постигне со ласерите, тоа е нивната предност. Природно го стимулира колагенот во кожата да расте. И второ, не користиме само ласерски системи, имаме еден, тој е многу популарен, тоа се радиобранови – вели Петров.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот