фото: Слободен печат

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Д-р Нановиќ: Ако сте депресивни и анксиозни, можно е да боледувате од ХОББ

На 20 ноември се одбележува Светскиот ден на хронично-опструктивна белодробна болест (ХОББ). По тој повод во утринска прогама на „Слободен печат“ разговаравме со доц. д-р Зорица Нановиќ, претседател на Здружението на пневмофтизиолози на Р. Македонија.

Нановиќ вели дека ХОББ е една од водечките причини за зголемена смртност. Станува збор за хронична и прогресивна болест, а промените коишто ќе ги направи не можат да се вратат назад.

-Оваа болест е многу важно да се открие во што е можно порана фаза. Станува збор за опасна болест којашто покрај тоа што ја редуцира белодробната функција создава ризик и од други компликации како дијабет, зголемен ризик за белодробен карцином, овие лица имаат повисока фреквенција на психијатриски заболувања, депресија, анксиозност. Лицата со ХОББ имаат проблеми со мускулатурата и од лековите кај нив се јавуваат несакани ефект врз коските – вели Нановиќ.

Докторката нагласува дека според светските статистички податоци четврта водечка причина за зголемената смртност на популацијата е болеста ХОББ.

Покрај пушењето цигари како еден од најголемиот ризик-фактори за оваа болест е и загадениот воздух.

-Аерозагадувањето надвор, но и загадувањето дома или во затворени простории, хемикалии ни загадувањето во домот овде мислам на користење на биомаса, како што е дрвото, отпадоци од растителни култури, јагленот, како извори на топлинска енергија, прашина, пареа, хемикалии на работното место.
Тоа што се случува во раното детство, чести респираторни инфекции, астма, туберколоза, сè што може да го наруши развојот и растот на белите дробови создава подлога, ризик некогаш во животот да се развие хронично опструктивна белодробна болест – рече докторката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот