
ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Д-р Мирчевска: Нов систем за наплата во Аџибадем Систина – зависи од изборот на докторот
Аџибадем Систина од денес започнува со нов систем на наплата, кој ќе зависи од изборот на докторот од страна на пациентот. Што практично значи ова за пациентите и каква услуга ќе добијат, зборуваме со д-р Емилија Мирчевска, медицински директор на приватната болница Аџибадем Систина. Докторката вели дека ова се воведува по примерот на европските и светските медицински центри и со овој модел на пациентите ќе им биде дадена можност да одберат една од двете ценовни категории за една иста здравствена услуга во зависност од изборот на докторот кој самите ќе го направат.
Препорачано
– Критериумите за избор на доктор беа направени согласно со нивната академска титула, бројот на успешно извршени интервенции, нивната достапност, односно зафатеност со претходно ангажирани термини, односно интервенции. Во однос на изборот на лекар, сите информации за цените на услугите, пациентите можат да ги добијат во контакт-центарот на клиничката болница Аџибадем Систина којшто е отворен 24 часа, сите денови во неделата и, исто така, на некои од информативните пултови во болницата – вели Мирчевска.
Таа објаснува дека од минатиот месец има и канцеларија за информации за цени во која пациентите можат да ги направат сите консултации врзани за какви било побарувања во однос на нивните здравствени услуги. Изборот на доктор важи за сите оддели од болницата, за сите пациенти, но независно од изборот, пациентите сепак ќе добијат еднаква медицинска нега, грижа и третман како и досега.
– Буквално ќе се следи протокол, за на крајот пациентот да го добие она за што платил. Нема да има никакви отстапки, ниту пак никакви алтернативни решенија во однос на изборот на дијагностички процедури или тераписки измени, независно од изборот на докторот – вели Мирчевска.
Групацијата Аџибадем во последните 25 години претставува лидер во здравствениот сектор, не само во нашата држава, туку и во поширокиот регион. Потврда за ова се и преку еден милион регистрирани пациенти, кои довербата за своето здравје ја дале на болницата.
-Медицинскиот тим, односно, стручниот кадар во клиничката болница Аџибадем Систина е строго селектиран, секогаш континуирано посветен на унапредување на здравствената нега и грижа, преку следење на континуирана медицинска едукација, континуирано стекнување на нови вештини, практикување на истите вештини во референтни медицински центри во Европа и во светот, а сите со еднаква посветеност за грижата и здравјето на пациентите – вели директорката.

Таа објаснува дека нивната болница е единствена со GCI акредитацијата. Станува збор за сертификат којшто е признаен на глобално ниво, а се доделува на здравствени организации и медицински центри кои испорачуваат највисок квалитет на здравствена заштита и безбедност на пациентите.
– Нашата болница во 2016 година за прв пат беше акредитирана од GCI и го доби златниот печат за потврда за безбедност и квалитет на медицински услуги. Што значеше ова? Ова значеше дека ние требаше да поминеме еден комплексен процес на проверки, евалуации и анализа на преку илјада претходно дефинирани, строго утврдени, високи критериуми и индикатори за коишто бевме следени, евалуирани и на крај оценувани. Меѓутоа, со добивање на првиот златен печат во 2016 година, не застана процесот. Нашата болница помина на три реакредитации и на почеток од следната година, некаде во првата половина, нас нè очекува четвртата реакредитација, која, верувам, со успех ќе ја поминеме како и претходните – вели Мирчевска.
Аџибадем Систина располага со два ургентни центри. Едниот ургентен центар е за возрасни пациенти, а другиот педијатриски ургентен центар. Во двата ургентни центри е овозможено итно згрижување за сите здравствени состојби во медицината, независно од возраста на пациентите, почнувајќи од најмладите, од неонаталната возраст, па сè до доцната геријатриска возраст.

-Она што на крајот сакам да го кажам е дека клиничката болница продолжува да ја одржува транспарентноста во комуникацијата и нашиот главен фокус понатаму останува здравјето на пациентите – вели докторката.