Др.Боби Мицевски- Специјалист по пародонтологија фото: Драган Митрески СП

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Д-р Мицевски: Секој пациент е посебна приказна, не се лекувајте на интернет

Зад секој успешен човек стојат години труд и предизвици. Таков е и случајот на д-р Боби Мицевски – човек кој стои цврсто зад многу блескави насмевки. За „Слободен печат“ го раскажува своето искуство со големиот број пациенти, колеги, посетувањето на конгреси и нижењето успеси.

-Секогаш ме влечеше нешто поврзано со медицината. Сакав да помагам, да работам со луѓе. Тоа е нешто што ме исполнува – вели Мицевски.

Татко му, познат фудбалер на ФК Вардар, се надевал дека Боби ќе ги следи неговите чекори на теренот, но судбината имала други планови.

-Ме носеше на сите натпревари, ми купуваше топки, се надеваше дека ќе бидам спортист. Но, мене ме влечеше науката. И тие тоа го прифатија и ме поддржаа – раскажува тој.

По завршувањето на основното образование, Мицевски се запишал во Медицинското училиште на отсекот за забни техничари. Потоа дипломирал на Стоматолошкиот факултет меѓу најдобрите во својата генерација.

Пред две години, ја заокружил академската надградба со специјализација по пародонтологија.

-Пародонтологијата се занимава со ткивата околу забот – непцата, коската, лигаментите. Тоа се невидливите херои на нашата орална функција. Без нив, ни најубавиот заб нема вредност – објаснува тој.

Д-р Боби Мицевски- Специјалист по пародонтологија фото: Драган Митрески СП

Д-р Мицевски е дел од тимот во современа стоматолошка ординација, каде што заедно со уште пет доктори нудат од ендодонција до имплантологија, од детска стоматологија до естетски трансформации.

-Секоја година одам на конгреси, симпозиуми и курсеви по светот. Само така можеш да бидеш чекор пред времето – додава Мицевски.

Она што најмногу го радува е развивањето на свеста кај младите за значењето на оралното здравје.

-Младите одат редовно на прегледи, прават заливање на фисури, учат како правилно да ги мијат забите. Но во руралните средини, состојбата сè уште е тешка. Тука треба поголема едукација и ангажман – вели Мицевски.

Во неговата ординација секој ден се работи со пациенти со најразлични барања.

– Луѓето денес се дезнформирани – читаат сè и сешто на интернет. Затоа на секој пациент му посветуваме време: да објасниме што е вистински проблем, која е најдобрата терапија и како може реално да изгледа нивната насмевка – вели докторот.

Покрај тоа, белењето на заби и поставувањето импланти се меѓу најчестите барања. Тој објаснува дека оваа гранка на стоматологијата не е лесна. И бара физичко и психичко внимание.

– Секој пациент е нова приказна. Имаме луѓе со изгубени заби, крвавење на непцата, вртоглаво пожолтени заби од пушење. Нашата задача е не само да ги лечиме, туку и да ги мотивираме да се грижат за себе – раскажува Мицевски.

Д-р Боби Мицевски- Специјалист по пародонтологија фото: Драган Митрески СП

Во неговата ординација секој ден се работи со пациенти со најразлични барања – некои реални, некои инспирирани од слики на холивудски ѕвезди.

-Луѓето денес се дезинформирани – читаат сè и сешто на интернет. Затоа на секој пациент му посветуваме време: да објасниме што е вистински проблем, која е најдобрата терапија и како може реално да изгледа нивната насмевка – истакнува тој.

Покрај тоа, белењето, винирите и поставувањето импланти се меѓу најчестите барања. Тој објаснува дека оваа гранка на стоматологијата не е лесна. И бара физичко и психичко внимание. Но вреди.

-Секој пациент е нова приказна. Имаме луѓе со изгубени заби, крвавење на непцата, вртоглаво пожолтени заби од пушење. Нашата задача е не само да ги лечиме, туку и да ги мотивираме да се грижат за себе – раскажува тој.

Д-р Мицевски на младите што сакаат да тргнат по неговиот пат им порачува:

-Оваа професија бара трпение, дисциплина и љубов. Мораш постојано да вложуваш во себе. Но кога ќе видиш насмевка на лицето на задоволен пациент – сè добива смисла.

Д-р Боби Мицевски- Специјалист по пародонтологија фото: Драган Митрески СП

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот