
ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Цветковска – „Анекта“: сатирата како дел од карактерот
Поткастите стануваат сè поприсутни, носејќи поинаков начин на раскажување приказни. Новинарката Теодора Цветковска со својот проект „Анекта“ се издвојува со личен и сатиричен пристап.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Цветковска вели дека сатирата е дел од нејзиниот карактер и секогаш ќе остане во нејзината работа. Со неа разговаравме за почетоците на поткастот, кој е нејзиниот пат во новинарството и што ја движи да продолжи да зборува отворено особено кога критикува.
За името на поткастот „Анекта“, таа вели дека дошло спонтано од зборот „анегдота“ и се задржало затоа што ја претставува како женски раскажувач на приказни. Во почетоците, проектот бил составен од кратки видеа, како што вели, „флеш вести“, со сатира и критика кон политички и општествени појави.

Сегашната верзија ја прави додека лежи. Иако завршила средно медицинско училиште и извесно време работела како медицинска сестра на дијализа, Теодора паралелно студирала новинарство. Според неа, човек станува препознатлив кога не се обидува да некого да имитира или да се цензурира самиот себе.
– Кога не се обидуваш да се самоцензурираш, стануваш на некој начин препознатлив и интересен за публиката, за друштвото, за што и да е – вели Цветковска.