ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Чингоска: Секое 36- то дете се раѓа со некаков аутистичен спектар

Аутизмот е најсериозната форма на манифестирање на аномалии во развојот на личноста. На втори април на Светскиот ден за поддршка на лицата со аутизам во утринската емисија „Слободен печат“ разговараме со Ангела Чингоска, дефектолог магистер по специјална едукација и рехабилитација Здружение на граѓани за третман на лица со аутизам, АДХД и Аспергеров синдром „Во мојот свет – Скопје.“

– Македонија нема некој регистар да ги опише лицата и да ја даде конкретната бројка на лица со аутистичен спектар. Но гледајќи ги европските и светските преваленци на стапката на аутизам бројката се зголемува од година во година. Споредено со 2000 година кога имаше едно на сто живородени деца, сега оваа бројка е зголемена за 317 проценти односно секое 36 дете се раѓа го некаков аутистичен спектар. Тоа укажува дека од ден на ден бројот се зголемува и рапидно расте и бара што повеќе ангажирање на целокупното општество-вели Јосифовска.

Таа објаснува дека од самото раѓање треба дсе следи детето. Доколку утврдат одредени отстапки во однесувањето кои не се карактеристични, треба веднаш да се обратат и да побараат стручна помош.

– Секако тоа прво се матичните лекари. Сметам дека е потребен редовен скрининг кој за жал го нема во нашата држава. Затоа родителите се оставени на некој начин сами на себе. Бројот на лични асистенти е мал во однос на потребите, но и не секогаш асистентите се подготвени да одговорат на потребите на детето-вели Јосифовска.

Тие се вклучуваат најчесто во раната интервенција. Сега подготвуваат социјален клуб во населбата Ѓорче Петров.

– Како здружение даваме совети на родителите што треба да преземат од најрана возраст, каде да се обратат во домашни услови и во училиштата-вели Јосифовска.

Во интервјуто зборувавме и за Бихевиорална интервенција со чија примена несоодветното однесување може да се намали, а прилагодливото може да се зголеми. Бихевиоралната терапија дејствува врз ефектите, а не врз причините.

– За жал само малку деца можат да добијат третман кој го покрива државата. Родителите се оставени сами на себе најчесто, не само финансиски туку и емоционално-вели Јосифовска.

Во интервјуто зборувавме и за тоа што се е потребно овие лица да се вклучат во секојдневието, каде е државата, дали е доволен надоместокот кој се исплаќа од страна на државата, има ли доволно дневни центри …

Целото интервју погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот