ВИДЕОИНТЕРВЈУ| Благица Петрески: Глобалните цени на храна веќе една година паѓаат

Благица Петрески/фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Стравувањата на граѓаните по одмрзнувањата на цените се очекувани, ако се земат предвид искуствата од јули кога по тогашното одмрзнување имаше тренд на пораст на цените. Но, многу е важно да анализираме каква беше состојбата тогаш, каква е сега, и според фактите – стравот е неоправдан. Дури и да се случи некое поместување кај цените тоа нема да биде големо, порачува Благица Петрески, директорка и главна економистка на Иснтитутот за економски истражувања и политики „Фајненс тинк“ која гостуваше во утринската програма на „Слободен печат“. Од денеска, цените на основните прехранбени производи со одлука на Владата веќе немаат гарантирани цени.

– Факт е дека се намалуваат цените на основните импути и суровини што доаѓаат од увоз, а исто така и ако го следиме индексот на ФАО ќе забележиме дека веќе од втортата половина на 2022 година индексот паѓа. Имаме пад и кај житаркиите, млечните производи, растителните масла. Овој континуиран тренд е веќе една година и ова треба да биде јасен сигнал и за трговците и за производителите дека на глобалниот пазар цените на основните прехранбени производи се стабилизирани и таквиот сигнал треба да го вградат во нивните цени – вели Петрески.

Таа вели дека ако споредиме со јули, овие сигнали на стабилизација беа во пократок временски период и производителите и трговците стравуваа дека ова можеби е со времен карактер, па ги зголемија своите маржи повеќе од потребното што резултираше со повисоки цени на основни прехранбени производи.

– Сега инфлацијата е 3,2 проценти, што е значајно стабилизирање ако споредиме со ланскиот пик кога имавме инфлација од 19,8 проценти. Иако 3,2 проценти за нас економсистите не е финален тагргет, таа треба да биде околу 2 проценти, но е јасен сигнал на стабилизација на состојбата- вели Петрески.

Таа вели дека по две години енергетска криза, сега можеме да кажеме дека сме во фаза на излез од енергетската криза.

– Очекувањата се дека треба да има и излез од мерките кои беа воведени како антикризни. Една од клучните пререпораки е ако има пакет на мерки, тие треба да бидат трагетирани кон оние кои и понатаму ќе бидат под одреден ризик за загрозување на нивниот животен стандард, можеби и кон дел од компаниите – вели Петрески.

Таа забележува дека од досегашните мерки помош добиле и оние на кои не им требала помош.

За да се надмине апсурдот – се уште релативно голем процент на невработеност наспроти поплаките на работодавачите дека немаат работници, Петрески вели дека треба да се работи на тоа тие невработени со разни обуки да се внесат на пазарот на трудот. Како една од клучните карики за растот на платите, таа смета дека треба да биде образованието за да што повеќе луѓе имаат пристап до поплатените професии.

Целото ВИДЕОИНТЕРВЈУ погледајте го во продолжение:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот