ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Александар Србиновски: Расте цената на нелегалното оружје во Македонија

Александар Србиновски / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Украина или руско-украинскиот конфликт е местото од каде доаѓа оружје од целиот свет и постои опасност дека истото оружје по криминални канали, по завршувањето на конфликтот, би можело да се врати назад, вели Александар Србиновски, координатор за Македонија на Глобалната иницијатива (Џи-ток), меѓународна организација којашто во наредните денови се очекува да го презентира извештајот посветен за шверцот на оружје во европски рамки.

– Оружјата постојат, тие се органски, но се уште за разлика од југословенскиот конфликт тие се потребни и не излегуваат надвор од границите на руско-украинскиот конфликт – тврди Србиновски, кој беше дел од утринската програма на Слободен печат.

Тој вели дека благодарение на одличната соработка со надлежните институции на Балканот, вклучително и со македонските, добиени се кредибилни информации кои укажуваат дека црниот пазар со оружје е во пораст и бележи екстра профит.

– Расте цената на нелегалното оружје во Македонија. На пример споредбено пред војната во Украина ако една автоматска пушка на црниот пазар на Балканот конкретно се движела од 300 до 600 евра, сега тоа можеби е и за една третина повеќе, вели Србиновски.

Нашиот гостин информираше и за феноменот со т.н. гасни пиштоли кои во последно време претставуваат главоболга за полициите од регионот, кои се легални и се наоѓаат во легална продажба, но со одредена доработка лесно стануваат смртоносни.

Целото интервју со нашиот гостин погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот