Дамјан и Сара ткајачи македонски носии фото: Агнеса Чаволи СП

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Дамјан и Сара ткаат македонски носии во центарот на Скопје

Македонските носии се важен дел од културата. Тие ја изразуваат историјата и обичаите на народот. Имаат различни стилови во зависност од регионот од каде потекнуваат, а ткаењето е традиционално занаетчиството кое создава уникатни творби.
Дамјан Ристовски и Сара Јакимовска се млади и успешни скопјани кои отвориле уникатна етнопродавница која со колоритните носии го разубавува центарот на Скопје.

Ова е продавница прва од ваков тип лоцирана во центарот на градот. Целта на сопствениците била да се одржи македонската традиција за новите генерации. Сара и Дамјан организираат работилници и едукација за сите заинтересирани за изработка на носиите и ткаењето на разбој.

Дамјан и Сара ткајачи на македонски носии фото: Агнеса Чаволи СП
Дамјан и Сара, ткајачи македонски носии фото: Агнеса Чаволи СП

Нивните почетоци со овој занает биле кога имале само 15 години, инспирајќи се од баба му на Дамјан која исто така ткаела. По неколку години овој занает станува голема амбиција за двајцата млади ткајачи.

-Идејата, првично за дуќанот, за отворање вакво етнокатче, дојде многу одамна кога учевме со Сара да ткаеме, од мојата баба, и уште тогаш размислувавме дека кога ќе пораснеме ќе се занимаваме со тоа. На прашањето што сакаме да бидеме кога ќе пораснеме, знаевме дека сме поразлични од другите и дека не би биле ни доктори, а не би одбрале ниту некоја друга професија, туку едноставно би се занимавале со изработка на народни носии – раскажува Ристовски.

Тој патувајќи по Македонија создал голема колекција на стари носии, кои му ги подариле жителите на селата што ги посетувал. Додава дека не е лесно да се добие една носија.

– Народната носија, всушност, многу е тешко некој да ти ја подари, особено ако е повозрасна жена, таа е емотивно врзана за неа – раскажува тој.

етнопродавница на Дамјан и Сара фото: Агнеса Чаволи СП
Етнопродавница на Дамјан и Сара фото: Агнеса Чаволи СП

Во продавницата туристите можат одблиску да видат и да почувствуваат каква била македонската традиција пред сто години. Особено, за новите македонски генерации кои се следбеници на оваа традиција.

-Младите треба да ги преземаат обичаите, традициите, народните носии и да ги пренесуваат понатаму на своите деца, внуци или како што оди редот и да се зачува целокупната македонска традиција од сите краишта еднакво – додава Ристовски за „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот