ВИДЕОАНКЕТА: Што очекуваат родителите од почетокот на новата школска година? фото: принтскин

ВИДЕОАНКЕТА: Што очекуваат родителите од почетокот на новата школска година?

Со почетокот на учебната 2025/2026 година, образованието во Македонија продолжува со чекори кон дигитализација.
Од Министерството за образование и наука најавија нови реформи: дигитални алатки во наставата, како и формално образование за деца на долготрајно болничко лекување

На првиот училишен ден, ги прашавме родителите што ги носеа своите првачиња што очекуваат од новата учебна година.

– Слушнавме од министерката дека „се е обезбедено“. Дигитализацијата, учебниците и ред други работи.“ – вели еден родител.

За една мајка, ова претставува голем товар за нејзиното прваче.

– Се надевам дека ќе прифати, ќе има многу дружба, помалку учење. Мислам дека се премали за сериозен систем. Ние, мојата генерација, подоцна тргнувавме. Помалку учење, повеќе дружење – барем во прво одделение.“ – вели таа.

На прашањето што мислат за воведувањето на дигитализацијата и вештачката интелигенција во наставата, некои од родителите се скептични, а други ја гледаат како позитивна промена во училишната програма.

– Ако има кој да ја предава, зошто да не?“ – додаде истата мајка.

– Вештачката интелигенција е реалност. Децата треба да се запознаат со неа, да знаат како функционира и како правилно да ја користат. Без плагијаторство.

Не се согласувам за вештачката интелигенција. – изјави друга загрижена мајка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот