Видеоанкета/Фото: Слободен печат-Принтскрин

ВИДЕОАНКЕТА | Купувате ли готова храна и покрај ризикот од салмонела?

Затворени гостилници, ресторани, сендвичарници. Агенцијата за храна редовно известува за ризикот и појавата на салмонела. Дијареја, повраќање, стомачни болки, се само дел од симптомите за труење со храна. „Слободен печат“ ги праша граѓаните дали купуваат месо и сувомеснато, но и готова храна, и покрај ризикот од појава на труење? Одговорите различни, дел купуваат но поретко, а најголем дел храната ја подготвуваат дома. Дел од анкетираните го почувствувале труењето со храна и на сопствена кожа.

– Купуваме месо и готова храна, но поретко. Избегнуваме заради топлината, се расипува побрзо – вели повозрасен господин.

На прашањето дали се запознати со ризиците од салмонела, најголем дел велат дека ја почувствувале на сопствена кожа.

– Мој пријател се зарази сега брзо. Му беше многу тешко, два-три дена беше во болница – вели скопјанец.

Друг скопјанец добил труење од тост.

– Беше во средно, мислам дека ја добив од тост. Повраќање класично, класични симптоми на салмонела – вели тој.

Девојка вели дека не треба да им се верува на новите места што се отворени, бидејќи хигиената не им е како што треба.

Целата анкета на колешката Агнеса Чаволи погледнете ја во продолжение: 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот