ВИДЕОАНКЕТА | Колку се чувствувате безбедни покрај уличните кучиња?

Анкета улични кучиња/Фото: Слободен печат

Скопје, скопските населби и уличните кучиња. Цели чопори или сами лутаат по улиците и се борат за опстанок. Но колку се чувствуваат граѓаните безбедни во нивна близина? „Слободен печат“ ги праша граѓаните како е да се биде во близина на бездомните кучиња и колку се чувствуваат безбедни додека се шетаат по парковите? Одговорите едногласни, не се чувствуваат безбедни доколку има поголеми групи на кучиња.

– Не се чувствувам безбедно во некои ситуации, кога има големи глутници- вели мајка со помало дете.

Млад скопјанец вели дека деведесет отсто од времето само во Аеродром налетува на кучиња кои се многу страшни. Постар маж објаснува дека ги има многу. Нови кучиња видел пред Т.Ц. „Капитол“.

-На раскрсницата овде има некогаш по четири, по пет, по шест- вели господинот.

Постара госпоѓа вели дека таму каде што живее има големи групи на бездомни кучиња. Граѓаните со предлози кучињата да се стерилизираат, да се заловат и да се приберат од улица.

На прашањето дали некогаш ги нападнале улични кучиња најголем дел велат дека имале лично искуство.

– Еднаш ме нападнаа. Има две години сигурно, беше темница, доцна- вели млад скопјанец.

Млада девојка објаснува дека познава повеќе луѓе што се нападнати од улични кучиња.

Целата анкета на колешката Агнеса Чаволи погледнете ја во продолжение: 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот