Видеоанкета/Фото: Принтскрин

ВИДЕОАНКЕТА | Ќе се прави ли ајвар и лутеница со изгор цени?

Се ближи крајот на летото, а со почетокот на школската година почнува и сезоната на правење зимница. Цените на доматите и пиперките на пазарите се повисоки од лани за 20 до 40 отсто. Ги прашавме скопјани дали со вакви цени можат да си дозволат да направат зимница годинава? Ќе значи ли ова крај на традицијата за правење ајвар и лутеница?

Скопјани се свесни за високите цени на зеленчукот. До лани велат правеле, но годинава тешко. Повозрасна госпоѓа вели дека цените се многу високи, но таа веќе е на возраст кога не може да подготвува зимница.

– Сега и сме остарени и нема за кого да правам. Децата не ни се тука – вели таа.

Една пензионерка вели дека е многу поскапо за разлика од минатите години.

– Па, да не спомнуваме, ама за 60 проценти е сè покачено – вели таа.

Повозрасен господин објаснува дека сè зависи од пазар до пазар, и цените и квалитетот.

– Денарот девалвира. Тешко е да се работи земјоделство, оние кои работат си го бараат своето за трудот што го вложиле – вели тој.

Друг објаснува дека доколку им треба, купуваат зимница од маркет.

Целата анкета на колешката Агнеса Чаволи погледнете ја во продолжение: 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот