ВИДЕОАНКЕТА | Има ли Скопје ноќен живот?

Анкета ночен живот во Скопје/Фото: Слободен печат

Има ли Скопје ноќен живот и каков е во споредба со претходните години? Каде се излегува, кој се култни места, што се нуди за помладите, а каде излегуваат повозрасните? „Слободен печат“ се ги праша скопјани каков е ноќниот живот во главниот град. Одговорите генерално слични, многу подобро било порано отколку сега. Младите велат дека се оставени сами на себе да се организираат и дружат, а постарите со носталгија зборуваат за минатите времиња.

– Ноќниот живот во Скопје моментално е во некој процес на развивање. На некој добар пат сме за развивање на добар ноќен живот како за помладите, така и а постарите- вели помлад скопјанец.

Друг објаснува дека воопшто не е задоволен. Вели дека имаме многу малку дискотеки и тие кои ги има се преполни и презаситени и нема поголем избор.
За скопјанка ноќниот живот одамна е изгубен.

– Не мислам ништо, одамна веќе го нема- вели таа.

За студент во Скопје веќе нема културни места.

– Деведесет отсто од времето само казината се отворени. Местата малку треба да де прошират, да се подигне квалитетот на локалите. Нема места што се баш по мојот стил и мојот вкус на излегување- вели тој.

Повозрасна скопјанка објаснува дека не излегува како што излегувала порано.

-Она што го гледам е далеку од тоа што беше порано. Ние повозрасните се собираме почесто во домашна атмосфера- вели таа.

Целата анкета на колешката Агнеса Чаволи погледнете ја во продолжение:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот