Фото:принтскрин

ВИДЕОАНКЕТА | Дали преферирате здрава или брза храна?

Поради големиот број обврски во секојдневниот живот, луѓето сè почесто се насочуваат кон брзата храна која ја купуваат готова или кон храна кој бара многу малку временска подготовка – печење или пржење.

Спротивно на нив, постојат и луѓе кои сè уште се фокусираат да внесуваат витамини, минерали и протеини на дневно ниво колку што е потребно или пак однапред подготвуваат здрави оброци (meal-prepping).

„Слободен печат“ направи анкета во која ги праша граѓаните дали преферираат да јадат здрава храна или брза храна?

Одговорите на граѓаните беа повеќе насочени кон здравата храна, но имаше и некои кои не можат да им одолеат на ќебапчињата, бургерите и плескавиците.

– Преферирам здрава храна, ама немам време, па затоа често јадам брза храна – рече еден од анкетираните.

На прашањето дали повеќе преферираат чиа или плескавица, мнозинството одговори дека повеќе преферираат чиа.

-Јадам чиа, секој ден – рече една жена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот