Фото: Принтскрин

ВИДЕОАНКЕТА | Дали од запросувањето треба да се прави спектакл?

Во изминативе децении сведочиме како чинот на запросување станува сè поактуелен и погламурозен момент во животот на еден пар. Но, дали тоа треба да биде спектакуларно или пак да се одвива многу поприватно?

„Слободен печат“ ги праша граѓаните дали се во брак, кој кого запросил, како изгледало запросувањето и дали чинот на запросување треба да биде спектакуларен или приватен момент за парот?

Речиси сите од анкетираните одговорија дека се во брак и споделија дека биле запросени од страна на мажот.

– Јас ја запросив сопругата и тоа изгледаше многу хаотично. Го скривме прстенот, прстенот не можев да го најдам, го баравме отприлика час и половина, па сопругата се чудеше зошто го бараме чорапот бидејќи таму беше скриен. На крајот го најдовме чорапот и ја побарав – раскажа еден од анкетираните.

На прашањето дали запросувањето било спектакуларно или приватно, слушнавме поделени искуства.

-Мене ме запросија баш приватно и ден денес бракот се одружува – вели една госпоѓа.

-Интересно е и во приватна атмосфера и спектакуларно, кој како си сака – сподели една повозрасна госпоѓа.

-Приватно е најдобро, тоа не е јавен чин – рече еден граѓанин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот