
ВИДЕО | Жозе Мурињо дебитираше со убедлива победа на клупата на Бенфика
Фудбалерите на Бенфика, сега предводени од новиот тренер Жозе Мурињо, го совладаа последнопласираниот Авеш на гостински терен со 3:0 во петтото коло од португалскиот шампионат.
Препорачано
Славниот тренер официјално се приклучи на лисабонскиот клуб пред два дена, поточно, се врати во Бенфика по 25 години, а веќе во саботата го водеше тимот во официјален натпревар.
И не можеше да посака подобар почеток. Бенфика ја потврди својата улога како фаворит со триумф од 3:0 во режија на стрелците Георги Судаков, Вангелис Павлидис од пенал и хрватскиот интернационалец Фрањо Ивановиќ. Гостите ја завршија целата работа до 64 минута.
Мурињо беше во посебно расположение, по натпреварот отиде да ги поздрави навивачите и да им се заблагодари за поддршката, а еден гол подоцна славеше бурно – и во еуфорија шутна шише со вода.
По пет натпревари, Бенфика има скор од 4-1-0, гол-разлика од 10:2 и го зазема второто место, меѓу своите најголеми ривали Порто и Спортинг.
Головите од натпреварот Авеш – Бенфика (0:3) можете да ги погледнете на следниот линк ТУКА
José Mourinho celebrating the goal on his debut game😂pic.twitter.com/yoXSWH8rym
— IM🇵🇹 (@Iconic_Mourinho) September 20, 2025
Преземено од: Спорт.ком.мк