Протест против сечата на шума над Љубојно / Фото: Инстаграм / скриншот

ВИДЕО | Жителите на Љубојно не попуштаат: 75 години никој нема чепнато едно дрво, сега сакаат да ја сотрат цела планина за неколку дена!

Жителите на преспанското село Љубојно веќе неколку дена одржуваат протести и блокади на локацијата над селото на која, според нив, е извршено масовно и прекумерно сечење на шумата.

„75 години никој нема чепнато ниту едно дрво, а сега некој сака да ја уништи цела планина за неколку дена! Загрозена е водата на цело село, при поголем дожд ќе се контаминира резервоарот! Ќе се зголеми ерозијата на земјиштето, ќе се поплави цело село!“, велат љубојнчани во објава на социјалните мрежи.

Тие бараат сечата, за која властите велат дека е планирана и „регуларна“, итно да запре, а во спротивно ќе организираат и порадикални протести и блокади.

„Испратено е официјално писмо до Македонски шуми, градоначалникот на Ресен, МЗШВ, Државен инспекторат за шумарство и водостопанство и МЖС, но од таму изјавија дека сечата е легална!“, велат жителите на Љубојно и активистите кои им се придружија во протестот.

„Неуки и заслепени луѓе уништуваат сѐ што е свето, до последното дрво и последната капка вода, за пусти, валкани пари! Спасот е во единството и обединувањето на народот, а овој кренат глас во с. Љубојно нека биде мотив за сите Македонци: СО ЖИВ SИД ГО БРАНИМЕ СВОЈОТ ДОМ, ДОСТА БЕШЕ МОЛК!“, пишува во објавата.

Протестираа жителите на Љубојно, велат дека концесионерот ја сотрел шумата над селото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот