Фото: Слободен печат/Александра Вуксановиќ

ВИДЕО | Женскиот хор „Фрида од Македонија“ на Турунџиева со прва авторска песна

Женскиот хор „Фрида од Македонија“ основан од Сузана Турунџиева вчеравечер ја претстави својата прва авторска песна. Станува збор за химна на хорот насловена „Песната е лек“. Турунџиева се потпишува зад текстот и музиката, а аранжманот е на Андријана Јаневска.

„Отсекогаш посакував да направам хор кој ќе пее акапела и знаев дека во името ќе има Македонија, па така и се случи,овој хор да го добие името ‘Фрида од Македонија’. Се радувам што сонот ми стана реалност. Вечерва ќе ви ја претставиме првата песна којашто ќе биде нашата химна. Среќна сум што со нашето сестринство успеавме од неколку жени да прераснеме во голем женски хор од над 120 членки. Секоја од нас е со различна приказна, болка, тага, среќа и секоја емоција ја споделуваме меѓусебно. За оваа песна јас ви помоогнав малку околу снимањето, оти невозможно беше да се снимат сите фриди во студио, но од сега натаму песната е ваша. ‘Песната е лек’ ќе се пее на секое појавување на хорот и ќе ја пеете сами“, им се обрати Турунџиева на нејзините Фриди на промоцијата.

Спотот го снимале во центарот на Скопје и раскажаа дека многу се забавувале додека снимале. На промоцијата се обрати и првата жена којашто ѝ се придружила на Турунџиева, Биба Лотеска, која им ги шие преубавите креации со цвеќиња по кои станаа препознатливи за јавноста.

„Кога снимавме на кеј случајните минувачи застануваа да нè слушаат, сакаа да се сликаат со нас, им бевме интересни. Како што нè нарече Сузе, ние сме една црвено-црна армија“, вели Лотеска.

Фридите посакуваат за нив да се чуе и надвор од границите на Македонија.

Во продолжение можете да го погледнете спотот на химната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот