Фото: „Икс“ / скриншот

ВИДЕО: Жена извика „Да живее Вучиќ“ на протест во Германија, веднаш потоа падна од велосипед

Неколку стотици Срби вчера во Франкфурт, Германија, протестираа барајќи одговорност од властите за падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, при што молчеа 15 минути. Но, молкот го прекина жена која поминуваше на велосипед, извикувајќи „Да живее Вучиќ, Србија!“.

Само неколку секунди потоа, жената падна од велосипедот, што наиде на воодушевување и ракоплескање од насобраните демонстранти.

Снимката на која се гледа инцидентот денеска стана многу популарна на социјалните мрежи:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот