Фото: Marechal Aurore/ABACA/Shuttersto / Shutterstock Editorial / Profimedia

ВИДЕО | Зендаја му се извини на Новак Ѓоковиќ на црвениот тепих во пресрет на Олимпијадата

Пред отворањето на Олимписките игри во Париз беше организирана гала-вечера од фондацијата „Луј Витон“.

На гала-вечерата присуствуваше и најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ заедно со сопругата Јелена, а на тенисерот посебно му се израдува еден од познатите гости.

Познатата актерка Зендаја, која е најпопуларна меѓу помладата публика, срдечно го поздрави тенисерот и се „извини“ за лошиот тенис во филмот „Challengers“.

Ноле беше одлично расположен и низ смеа ѝ одговори:

„Не, одлично е. Ми се допаѓаат твоите потези“.

Позитивните коментари постојано доаѓаа на социјалните мрежи, а видеото набрзо ги преплави социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот