фото: EPA-EFE/ANTONIO PEDRO SANTOS

ВИДЕО | Земјотрес за време на прес-конференцијата на Бенфика пред мечот во Лигата на шампионите

Фудбалерите на Бенфика денеска од 21.00 часот го пречекуваат Монако во реваншот од плејофот во Лигата на шампионите за пласман во осминафиналето.

Во многу подобра позиција е португалскиот тим кој пред шест дена победи со 1:0 во Монте Карло, а увертирата на мечот во Лисабон беше многу стресна.

Имено, главниот град на Португалија синоќа беше погоден од силен земјотрес со јачина од 4,7 степени, непосредно пред тренерот на Бенфика, Бруно Лаж, да одржи прес-конференција во кампот на клубот.

Додека одеше до своето место, целата конференциска сала почна да се тресе. Бројните собрани новинари останаа во шок, но тренерот на Бенфика ги смири. Лаж седна на маса и ги покани новинарите да останат на конференцијата и покрај земјотресот.

Откако земјотресот стивна, Лаж почна да им се обраќа на медиумите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот