Зејн Малик денес и за време на „Уан дајрешкн“ / Фото: Profimedia

ВИДЕО | Зејн Малик откри дека имало расизам во „Уан дајрекшн“: Напорно работев во тој „бел бенд“!

Музичарот Зејн Малик, поранешен член на британската музичка група „Уан дајрекшн“, во својата нова песна „Fuchsia Sea“ индиректно откри дека се соочувал со расизам додека бил дел од овој популарен состав.

Пејачот во саботата сподели извадок од песната, а преку стиховите зборува за сопствениот живот.

„Толку сум притиснат до ѕид што мислат дека сум фасциниран од тули / Се сеќаваш ли на секој разговор / Зашто бев свесен за секоја конотација / И додека тие се концентрираа на нивната ексалтација / Јас имав повратно патување до созвездието / Вероломник сум на концерт и го направив тоа поради инфлацијата, зошто работев напорно во ‘бел’ бенд, а тие и понатаму му се смееја на Азијатот“, гласи дел од текстот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zayn Malik (@zayn)


Малик, чиј татко е Пакистанец, а мајка му има англиско-ирско потекло, најави дека песната ќе биде објавена наскоро. Извадокот од нумерата ги воодушеви неговите бројни обожаватели, кои со нетрпение го очекуваат нејзиното официјално излегување.

„Толку сум горда на тебе“, „Ова звучи неверојатно, плачам“, „Супермен се врати“, „Воодушевена сум! Те обожавам!“, „Враќањето на кралот“, му порачаа фановите.

Малик беше дел од „Уан дајрекшн“ до 2015 година, заедно со Хари Стајлс, Луис Томлинсон, Најл Хоран и Лијам Пејн, кој трагично почина минатата година. Бендот беше формиран во 2010 година, откако сите членови поединечно се пријавија на аудиција за музичкото шоу „Икс фактор“. Судиите потоа ги здружија во група, по што „Уан дајрешкн“ доживеа светски успех.

„Уан дајрекшн“ / Фото: Grant Falvey / Zuma Press / Profimedia

Малик беше првиот кој ја напушти групата, а останатите членови заминаа на едногодишна пауза. Сите подоцна започнаа соло кариери. Пред смртта на Пејн, Стајлс гостуваше во емисијата „Д лејт лејт шоу“ и зборуваше за можноста за обединување на групата.

„Да или не… Дали ‘Уан дајрекшн’ ќе се обедини повторно?“, го праша водителот Џејмс Кордон.

„Се плашам дека тоа не е прашање на ‘да’ или ‘не’. Мислам дека никогаш не би рекол никогаш. Ако постои момент кога сите би сакале да го направиме тоа, не гледам причина зошто да не“, изјави тој.

И минатата година се појавија информации дека членовите на групата разговарале за последен заеднички настап, пред смртта на Пејн.

Двајца вработени во хотелот под истрага за смртта на Лијам Пејн: Сокриле дрога во кутија за сапун во собата на пејачот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот