
ВИДЕО | Зејн Малик ја расплака публиката на концерт, му оддаде почит на Лијам Пејн на првиот настап по неговата смрт
Откако одложи неколку свои закажани настапи и ги загрижи своите обожаватели, популарниот пејач Зејн Малик, сепак, за првпат одржа соло концерт во Лидс, Англија.
Препорачано
Зејн ги расплака сите присутни на самиот крај од настапот кога му оддаде почит на трагично починатиот Лијам Пејн со кого членуваа во популарниот машки бенд „Уан дајрекш“.
oh zayn pic.twitter.com/T8kkGdhyb3
— eden ★ (@edeenzz) November 23, 2024
Во текот на изведбата на Зејн на својот голем хит „Stardust“, на екранот зад него се појавил голем натпис: „Лијам Пејн 1993-2024. Те сакам, брат“.
„Плачев кога го видов ова“, „Секоја чест Зејн, ова ни требаше“, напишаа неговите обожаватели на социјалната мрежа Икс.
Социјалните мрежи се преплавени од концертот на Зејн Малик, како поради воодушевувањето што по толку години првпат го гледаат во живо настапот на својот идол, така и поради почитта што му ја оддаде на својот трагично загинат пријател и колега Лијам.
Инаку, Зејн и Лијам беа членови на своевремено најпопуларната поп група „Уан дајрекшн“, заедно со Ниал Хоран, Луис Томлинсон и Хари Стајлс. Тие брзо постигнаа глобален успех и станаа еден од најпродаваните бендови на деценијата. Членовите на бендот се распаднаа во 2015 година и никогаш не се обединија повторно. За жал, нивното обединување се случи неделава на погребот на Лијам, на кој пристигнаа Зејн, Хари, Луис и Ниал, за последно збогум од колегата и пријател.

Потсетуваме, 31-годишниот Лијам Пејн трагично загина на 16 октомври, паѓајќи од балкон на хотелот „КасаСур“ во Буенос Аирес. На 20 ноември се одржа погреб во неговиот роден Вулверхемптон. Покрај семејството и пријателите, се собраа сите членови на „Уан дајрекшн“, а се појави и Сајмон Кауел, човекот кој го создаде популарниот бенд.
ФОТО | Се огласи семејството на Лијам Пејн: „Срцата ни се скршени, ве молиме за приватност“
ФОТО + ВИДЕО | Хари, Зејн, Луис и Најл скршени од болка пристигнаа на погребот на Лијам Пејн