фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

ВИДЕО: Затворска казна за навивачот кој со шише го погоди Паје во главата!

Тоа беше трет инцидент во Лион оваа сезона, а дисциплинската комисија на француската лига забрани присуство на гледачи до завршување на истрагата. Воедно најавено и зголемување на бројот на надзорни камери.

Навивачот од трибините кој во неделата го погоди Димитри Паје (34) со шише во главата во текот на натпреварот помеѓу Лион и Олимпик Марсеј беше осуден денеска на шест месеци затвор.

Исто така, 32-годишниот навивач доби забрана за влез на стадионот во Лион во период од пет години.

Дербито од 14 коло меѓу Лион и Марсеј беше прекинато во четвртата минута од средбата, кога гостинскиот играч Димитри Паје беше удрен во глава со полно пластично шише, па судијата одлучи да ги однесе двете екипи кон соблекувалните.

Инцидентот во Лион беше трет сезонава, поради нереди на навивачите, дуелот меѓу Ница и Марсеј беше прекинат во август, а за малку не беше прекинат и мечот меѓу Ленс и Лион во септември од истата причина.

ВИДЕО: Водачот на навивачите на Лион му удира шамари на хулиганот кој го погоди Паје со шише во главата

Французите најавија дека се разгледуваат мерки како забрана на навивачите да доаѓаат на стадионите, зголемување на бројот на надзорни камери и разјаснување на овластувањата поврзани со тоа кој има право да откажува натпревари во случај на насилство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот