Лила Филиповска / Фото: Принтскрин / Инстаграм

ВИДЕО | „Засекогаш млада“: Лила Филиповска покажа како изгледала некогаш и сега

Македонската водителка и инфлуенсерка Лила Филиповска на својот инстаграм-профил често споделува интересни фотографии и видеа. Иако таа има 53 години, за неа времето како да застанало, а доказ за тоа е последното видео кое го објави на социјалните мрежи.

Имено, Лила со своите следбеници сподели фотографии собрани во еден видео колаж од 2010 година до денес, и покажа како изгледала во последните 15 години од својата богата кариера.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Она што остава впечаток е дека во секоја фаза од нејзиниот живот ја задржала насмевката и нејзиното витко тело.

„Засекогаш млада“, напиша Лила покрај видеото кое предизвика голем број позитивни реакции.

„Незаменлива“; „Секоја наредна година си поубава Лила“; „Кралица“; „Нашата кралица“, беа дел од коментарите на следбениците на Лила.

ВИДЕО | Синот на Лила го слави јубилејниот 30. роденден: „Ти си мојата сила и поради тебе сум она што сум“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот