
ВИДЕО | Задоцнет финиш на Белгија, Израел во осминафиналето на Евробаскет
Израелската кошаркарска репрезентација денеска ја победи Белгија со 92:89 во четвртото коло од групата Д и обезбеди пласман во осминафиналето на Евробаскетот. Белгија, од друга страна, има само теоретски шанси во борбата за место во следната фаза.
Препорачано
Белгија солидно му парираше на фаворизираниот противник до крајот на првата четвртина која избраниците на Ариел Беир Халахми ја добија со 23:15.
Предноста на Израел продолжи да расте во втората четвртина, пред паузата изнесуваше стигна и над 20 коша разлика, и во тој момент се чинеше дека Израел ќе забележи многу убедлива победа.
Во второто полувреме, Израел попушти во темпото, но и натаму имаа висока позитива во текот на третата четвртина. Белгијците успеаја само до „минус 14“, а пред стартот на последните 10 минути на семафорот стоеше 71:54 за Израелците.
Белгиските кошаркари го дадоа сиот максимум во последната четвртина која ја добија убедливо со 35:21, доволно само за да го ублажат поразот до „минус три“.
Авдија го предводеше Израел до победата со 22 поени, по него следуваше Соркин со 18 поени. Најефикасен играч за белгискиот тим беше Емануел Лакомт со 15 поени. Израел ќе игра против Словенија во последното коло од групната фаза, додека Белгија ќе се сретне со Полска.
Deni Avdija delivering another outing of the highest level ✅#EuroBasket x @TherealIBBA pic.twitter.com/EjSk2c0D3j
— FIBA EuroBasket (@EuroBasket) September 2, 2025
Israel are rolling 🔥#EuroBasket x @TherealIBBA pic.twitter.com/AyxW67aliP
— FIBA EuroBasket (@EuroBasket) September 2, 2025