
ВИДЕО | Заборавете на долгото триење: Револуционерен трик за чистење пластични садови
Отстранувањето на дамките од пластичните садови, особено по оброци како болоњезе или кари, често се смета за една од најтешките задачи во кујната.
Препорачано
Без разлика колку пати и да ги миете или да ги ставате во машина за садови, дамките изгледаат како да останале трајни. Иако садовите се чисти, изгледаат валкано, што може да биде фрустрирачки.
Сепак, една корисничка на Тикток по име Кристи сподели едноставен трик кој, според нејзини зборови, е „еден од најкорисните што некогаш ги видела“. Во видеото, кое е прегледано повеќе од 6,7 милиони пати, таа покажа како да се отстранат дамките за само неколку секунди, без потреба од триење.
Кристи покажа дека е доволно да ставите неколку капки детергент за садови и малку вода во пластичниот сад со дамки. Потоа, таа стави парче кујнска хартија, го затвори капакот и силно го протресе садот неколку секунди. После тоа, ја извади хартијата, го исплакна садот кој беше целосно чист.
Овој метод делува благодарение на комбинацијата на физичко движење и впивачки материјал. Протресувањето му помага на детергентот да ги разгради маснотиите и дамките, додека хартијата ги впива нечистотиите од површината на пластиката. Трикот е особено ефикасен за свежи дамки, но корисниците тврдат дека помага и за старите.
Во коментарите на видеото, многумина потврдија дека овој метод им го „променил животот“, а некои додадоа дека го користат истиот трик веќе со години. Иако некои поради дамките се префрлија на стаклени садови, овој едноставен трик би можел на многумина да им ја врати вербата во пластиката и да им го олесни секојдневното чистење.
@kristie2784 One of my favorite and most useful hacks I’ve ever seen. #plasticstorage #foodstorage #plasticcontainers #foodstains #orangestain #spaghettisauce #tacomeat #hotdogchili #lifehack #cleaninghack #washingdishes #dishwashing #housecleaning #kentuckylife #appalachia ♬ Ultimate life hacks – Kelly | The Life Bath