ВИДЕО | За промена на изгледот низ годините, Лорен Санчез потрошила преку 380.000 долари

Неодамнешното појавување на Лорен Санчез на афтер-забавата на Оскарите го привлече вниманието на јавноста поради нејзиното затегнато лице, а на Твитер веќе се споделуваат фотографии како изгледала пред пластичните операции.

Санчез имала повеќе процедури во текот на годините, кои вклучуваат лифтинг на лицето и филери. Пластичниот хирург Гери Линков во една прилика изјави дека вкупната цена на сите процедури што таа потенцијално ги имала е 390.000 долари.

Лорен ја имаше истата темна коса и темни веѓи на постарите фотографии, но со текот на годините нејзиното лице претрпе доста промени.

Една од најочигледните се нејзините усни, особено горните.

Недостатокот на вообичаените знаци на стареење кај Санчез може да укаже на тоа дека таа имала барем една корекција за затегнување на лицето. Поранешната актерка признала дека била подложена на различни третмани за подмладување.

Кога станува збор за нејзиниот изглед, на забавата на Vanity Fair, на која присуствуваше заедно со Безос, таа носеше фустан на Оскар де ла Рента на кој имаше и пердуви. Санчез го заокружи изгледот со ланче од смарагд, а ги покажа и новите прамени.

Фото: EPA-EFE/JILL CONNELLY

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот