Фото: Принтскрин / Инстаграм

ВИДЕО | За неа времето стои: Елизабет Харли ја истакна витката фигура во провокативен костим за капење

Актерката Елизабет Харли неодамна избега на сончевите Малдиви, а на социјалните мрежи објави видео во кое покажа како се релаксира на убавите плажи покрај водата.

Имено, Елизабет и на 59 години изгледа сензационално во кафено бикини, истакнувајќи ја витката фигура. Видеото предизвика лавина од реакции поради нејзиниот младешки изглед.

„Највеличественото зајдисонце на прекрасните Малдиви“, напиша таа покрај видеото.

Сепак, малкумина гледаа во зајдисонцето што го покажуваше во позадина. Преку видеото, таа испрати и неколку бакнежи до своите следбеници, кои ја преплавија со комплименти во коментарите.

„Какво тело“; „Изгледаш прекрасно“’; „Што да кажам? Прекрасна е“;  „Величествена, а и погледот не е лош“; „Оваа жена никогаш не старее“; „Секогаш најдобра“, беа дел од коментарите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elizabeth Hurley (@elizabethhurley1)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот