ВИДЕО | Втор ден од подвигот на Никола Роквиќ: Српскиот пејач се огласи од патот кон Грција
Српскиот пејач Никола Роквиќ тргна пеш кон Грција и треба да помине 1.150 километри, а сето тоа поради хуманитарната мисија што ја има. Пејачот треба да стигне до манастирот Свети Нектариј Егински, а по пат ќе собира средства за помош на многу семејства, но најважно на болните деца.
Пејачот вчера тргна од храмот Свети Сава, а на својот Инстаграм редовно ги известува своите следбеници за патувањето. Роквиќ се огласи на вториот ден од подвигот и раскажа каква е ситуацијата по пат.
„Има силен ветер, но не е страшно, бидејќи нема дожд“, рекол Никола во краткото видео кое го сподели на социјалната мрежа Инстаграм, а потоа повторно се огласи.
„Велам: ‘Добро е, не врне’. Луѓето убаво кажуваат: ‘Ќути, не зборувај’. Нека врне, сè е во ред. Само да бидам среќен. На здравје, луѓе“, додал пејачот.
Инаку, тој и неговата сопруга Бојана основаа фондација која ќе им помага на најзагрозените.
„Ве информираме дека јас и Никола ја основавме фондацијата „Семејство“ која ќе се занимава со зачувување на традиционалните вредности и семејството како институција и како свето место. Фондацијата ќе им помага на семејствата со многу деца, ранливите, талентирани и болни деца. И нашата прва мисија ќе биде помагање на детската онкологија“, изјавила сопругата на пејачот.
Никола Роквиќ пеш тргна кон Грција, мора да помине 1.150 километри