
ВИДЕО | Втор ден гори на депонијата во Шуто Оризари
Втор ден гори игралиштето во Шуто Оризари, кое веќе со месеци е претворено во мини депонија. Жителите алармираат дека токму на тој простор секој викенд се организира т.н. „бувљак пазар“, објави Скопје1.
Препорачано
Тие велат дека повеќе пати се жалеле за несовесното управување со отпадот и ненавременото негово собирање, но досега институциите не презеле конкретни мерки.
Покрај Дрисла и Вардариште ова е трета депонија која гори и дополнително го загадува воздухот во Скопје.
„Активни се пожарите во Шуто Оризари, каде гори депонија, а под контрола е пожарот во депонијата Дрисла, на територијата на Општина Студеничани“, информираа вчера од ЦУК.
Утрово со засилено темпо продолжи затрупувањето на делот од депонијата „Дрисла“ од кој излегува чадењето, а кој е со големина приближно колку фудбалско игралиште, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Тој нагласи дека не може да се забележи отворен оган, а чадењето е делумно намалено но се уште присутно.
ВИДЕО | „Дрисла“ нема ограда ниту камери, секој може да влезе и да подметне пожар, вели Ангелов
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
29мин
-
41мин
-
59мин
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5