Фото: Скриншот/Јутјуб

ВИДЕО | Вртоглави 30.000 евра: Ова е најскапата песна на регионалната музичка сцена, за малку ќе отидеше на Евровизија

Музичарите често вложуваат големи суми во песни и музички спотови, а најскапата песна досега на регионалната сцена ја купила Ана Николиќ, потсетува српски „Блиц“.

Станува збор за „Ромале ромали“, со која таа настапи на фестивалот Беовизија во 2006. Песната веднаш стана хит, а нејзината цена од 30.000 евра се покажа како исплатлива инвестиција, иако Николиќ не замина на Евровизија, што многумина го сметаат за неправда.

Авторот на песната, Кики Лесендриќ, призна дека свесно ја зголемил цената.

„Има многу песни што на авторите им донеле малку, а на изведувачот многу. Диспропорцијата секогаш е присутна. Илјада пати сум работел песна за нула. Ако ми се пријатели, тогаш ми е под чест да им наплатам. Од друга страна, ако сме во деловен однос – да се наплати е во ред. Со Ана ситуацијата беше многу специфична, иако во тоа време беше многу ‘симпатична’. Требаше да работам на целиот албум, но испадна дека остана само таа песна, па мојата лутина доведе до тоа драстично да ја зголемам цената – и тоа беше прифатено. Но, нема врска, резултатот беше добар и за неа и за мене. Тоа беше еден од оние моменти кога јас бев безобразен од некоја причина, а тој безобразлук беше наплатен“, изјави Лесендриќ.

Да потсетиме, таа година главни фаворити беа „Фламингоси“ и нивната песна „Луди летни плес“. Сепак, иако водеа на гласањето, црногорското жири не им даде ниту еден глас и победата отиде во рацете на групата „Ноу нејм“ со песната „Моја љубави“. Поради скандалозниот крај, Србија и Црна Гора таа година не учествуваше на Евровизија и многу наскоро дојде до распад на државата.

Неверојатно: За само седум минути биле продадени над 42.000 билети за Евровизија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот