Фото: Youtube / Wikimedia commons

ВИДЕО| Војислав Брајовиќ за последните денови на Драган Николиќ: Не можеше да стане, му одигравме претстава покрај креветот

Познатиот српски актер Војислав Воја Брајовиќ неодамна во емисијата „Уна, дуе, тре“ одлучи да зборува за својата богата кариера, улогитe, а се присети и на некои настани од минатото кои го поврзуваат со неговиот колега Драган Николиќ.

Претставата со наслов „Возот“ што Брајовиќ ја игра со колегата Сергеј Трифуновиќ во театарот „Ѕвездара“, е популарна кај српската публика и секогаш е однапред распродадена.

Актерот во интервјуто меѓу другото се присети дека во една прилика направил отстапка за својот голем пријател и колега, легендарниот Драган Николиќ со кој глумеше во „Отпишаните“. Поради тешката болест со која Драган се бореше, Брајовиќ и Трифуновиќ одлучиле во последните денови од неговиот живот, да ја одиграат токму оваа претстава во неговиот дом.

„Некаде пред Нова година дојдовме кај него. Во тој стан, во една мала соба, можам да кажам дури и покрај неговата смртна постела, каде што беше на креветот, Милена до него, а таму беа Анита и Жарко Лаушевиќ. Сопругата на Жарко снимаше, но јас никогаш не ја погледнав таа снимка. Целата претстава ја одигравме на мал простор, тука беше Сергеј, а јас бев таму. Тоа е мала соба, но Гага не можеше да излезе, не отиде во дневната соба да седне, туку само лежеше. Игравме и игравме, а да не го измориме, се откажавме после еден час…Така лежи и го прашувам што мислиш? А, тој ми покажува: ‘Јас и Милена би можеле да го играме ова. Тоа беше неговиот коментар’“, изјави Воја Брајовиќ во емисијата „Уна, дуе, тре“.

Да потсетиме, доајенот на српското глумиште Драган Николиќ почина на 11 март 2016 година по долго боледување.

Во продолжение погледнете го видеото:

 

Југословенска љубов: Милена Дравиќ и Драган Николиќ ги поврзал филм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот