ВИДЕО: Во Шпанија уапсен еден од најбараните криминалци од марсејскиот клан

Полиција Шпанија / Фото EPA-EFE/Mariscal

Французин за кој се верува дека е „главниот член на марсејскиот клан“, вклучен во шверц на дрога, е уапсен денеска во Шпанија, соопшти шпанската полиција, која го опиша како „еден од најбараните бегалци во Франција“.

„Криминалецот, против кого е распишана европска потерница, е уапсен во бар на брегот јужно од Барселона, а идентификуван е како Жан-Ентони Блас, роден 1990 година“, се вели во соопштението на шпанската полиција.

Уапсениот е осуден на 10 години затвор во Франција за трговија со дрога, недозволено поседување оружје, дела против јавниот ред и безбедност и припадност во организирана криминална банда.

Тој избегал за време на полициска операција против него во март 2023 година во Франција. За време на бегството користел четири различни идентитети.

Марсејскиот клан наводно шверцува канабис во Шпанија и поседува голем арсенал на воено оружје, се вели во соопштението на шпанската полиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот