ВИДЕО: Во источна Украина, бебињата од интензивна нега префрлени во засолниште

Во Киев одекнуваат експлозии од 4:30 часот по локално време. Советник на украинската влада вели дека руски авион бил соборен и дека биле спречени неколку ракетни напади.

Дел од населението на Киев се крие од воздушни напади во засолништа, метро станици и подруми на згради.

Новороденчињата од Одделот за педијатриска интензивна нега во Детската болница во градот Дњепропетровск во источна Украина се префрлени во импровизирано ракетно засолниште во подрумот на зградата.

„Ова е одделение за неонатална интензивна нега. Префрлени се во ракетното засолниште. Можете ли да го замислите тоа? – рече д-р Денис Сурков. „Ние сме многу нервозни и загрижени“, вели раководителот на одделението.

На видеото се гледаат десетина новороденчиња. Медицинските сестри носат неколку бебиња во раце, а една медицинска сестра помага при дишењето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот