фото: EPA-EFE/CLAUDIO PERI

ВИДЕО: Во финишот избега триумфот на Лацио против Емполи

Фудбалерите на Лацио изненадувачки останаа без триумф против Емполи во рамките од 17 коло во Серија А.

Римскиот клуб имаше два гола предност благодарение на погодоците на Фелипе Андерсон во втората и Матија Закањи во 54 минута.

Гостите во 83 минута преку Франческо Капуто го намалија резултатот, а бод им донесе Разван Марин во четвртата минута од судиското надополнување.

На табелата Лацио е на петтата позиција со 31 бод, додека Емполи по седмото реми сезонава е на 13 место со 19 бодови, колку што имаат и Болоња и Лече на 11-то, односно 12 место.

Во останатите мечеви Салернитана и Торино ремизираа 1:1, а немаше победник и на средбата Специја – Лече (0:0).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!