
ВИДЕО | Во Белград утре ќе биде одржана голема воена парада „Моќта на единството“, со над 10.000 учесници
Големата воена парада „Моќта на единството“ со околу 10.000 учесници ќе се одржи утре во Белград, на која ќе бидат претставени околу 2.500 парчиња оружје и воена опрема, над 600 возила, 70 авиони и 20 пловила.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Парадата, која се одржува по повод Денот на српското единство, слобода и национално знаме, ќе започне во 11:00 часот пред Палатата на Србија.
Српското министерство за одбрана на својот фејсбук-профил објави видео од генералната проба на војската на Србија за утрешната парада.
Посетителите на парадата, на која се очекува да присуствуваат највисоките државни функционери, ќе имаат можност да ја видат парадата на ешалонските единици од сите родови и служби на Вооружените сили на Србија, кадети на Воената академија, единици на возила и пловила од Речната флотила, а програмата на парадата вклучува и демонстрација на можностите на Одделот за воена полиција за специјални намени „Кобра“, вежба од страна на припадниците на Гардата, како и скок со падобран од страна на припадниците на 63-та падобранска бригада на српската армија.

Како што објави српското министерство за одбрана, во ешалонот на воздухопловните единици ќе учествуваат сите видови авиони како што се МиГ-29, „Орао“, Ц-295 КАСА, Ми-35М и Х-145. Меѓу бројните оружја и воена опрема што ќе бидат изложени се противвоздушните ракетни системи „FK-3“ и HQ-17, модерните радари GM400, оклопните борбени возила „Милош“, „MRAP“, „Lazar 3“, „Hammer“ и BOV OT, модернизираните тенкови M-84 AS1/2/3, модернизираните пешадиски борбени возила M80 AB1/2, самоодните хаубици NORA од 155 mm, како и модернизираните противвоздушни системи PASARS, беспилотните летала, извидувачките и борбените беспилотни летала.

Посебен ешалон ќе сочинуваат единиците за пловење на вода на Речната флотила на Српската армија. Како што изјави за Танјуг командантот на Речната флотила, капетанот на борбениот брод Дарко Стричиќ, Речната флотила на парадата ќе ги прикаже најсовремените средства, модернизираните бродови и своите можности, наведувајќи дека ќе учествуваат 20 пловила.
Врховните државни функционери ги поканија граѓаните да присуствуваат на парадата, нагласувајќи дека ќе можат да видат колку се промениле српските вооружени сили во последните десет години, колку се модернизирани и силни.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави за телевизијата „Блиц“ дека воената парада не е организирана за дневно-политички потреби, туку за да ја покаже воената сила на Србија, а како средство за одвраќање на секој потенцијален агресор, со цел да се зачува мирот.

Министерот за одбрана Братислав Гашиќ претходно изјави за телевизијата К1 дека повеќе од 10.000 војници биле вклучени во подготовката и организацијата на воената парада, од кои 6.000 биле пешадиски и моторизирани ешалони, додека останатите биле логистичка поддршка.

Тој додаде дека воената полиција е исто така целосно ангажирана и ќе ја обезбедува целата рута на воените конвои и ешалони, и дека сите општински служби на градот Белград, како и Министерството за внатрешни работи, учествуваат во подготовката на парадата.