
ВИДЕО: Владиката Петар и рускиот патријарх Кирил заедно се помолија Русија да победи во Украина
Митрополитот преспанско-пелагониски, Петар, и епископот велички, Никола, учествуваа на вчерашната литургија начаствувана од рускиот патријарх Кирил во руската престолнина Москва, пренесе порталот „Религија.мк“. Службата, која е прва во која учествуваат македонски достоинственици откако РПЦ во 2022 година ја призна автокефалноста на МПЦ-ОА, се одржа во манастирот „Свети Сергеј Радоњишки“, на Сергеов посед, близу Москва.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
На оваа литургија владиците Петар и Никола заедно со патријархот Кирил се помолија за победа на Русија во војната против Украина и за „спасение на Света Рус“ – молитва што рускиот патријарх ја внесе во литургиите на Руската црква откако неговата земја окупираше делови од Украина, што најголем дел од православните цркви го оценија како ерес, потсетува „Религија.мк“.
РПЦ ја призна автокефалноста на МПЦ-ОА во 2022 година врз основа на томосот издаден од Српската православна црква. Во 2023 година во Македонија престојуваше рускиот митрополит волоколамски, Антониј.
Владиката Петар имаше намера да патува во Москва и пред речиси две години, но поради дипломатските односи меѓу Македонија и Русија, поради фактот што Русија ја има вброено Македонија во списокот на „непријателски земји“, најверојатно тогашните безбедносни служи на државата не ја дозволија негово заминување за Москва, пишува „Религија.мк“.