Џо Бајден
Џо Бајден / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

ВИДЕО: Вирално видео од новиот гаф на Бајден, колку сојузни држави има САД?

Американскиот претседател Џо Бајден повторно се најде на удар на медиумите и корисниците на социјалните мрежи поради новиот гаф. Тој како што стои во објавата на твитер вели дека САД имаат 54 држави.

Бајден на настан на Демократската партија во Пенсилванија зборуваше за законот за здравствена заштита од 2018 година, велејќи дека демократите „во 54 сојузни држави водеа кампања за одбрана на овој закон“. Во САД, инаку, има 50 сојузни држави.

Последниот во серијата гафови на Бајден брзо стана вирален на социјалните мрежи, при што многу корисници се прашуваа дали тој воопшто е способен да ја води земјата

Инкау Американскиот претседател Џо Бајден говорејќи во Колорадо пред две недели направи гаф кога истакна дека неговиот син Бо Бајден, кој почина од рак во 2015 година, „го загубил животот во Ирак“.

ВИДЕО | Нов гаф на Бајден: Син ми загина во Ирак

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот