Фото: Принтскрин/Инстаграм

ВИДЕО | Вин Дизел „влета“ на венчавка на невеста од Босна и Херцеговина! На среќата ѝ нема крај

Девојка по име Лејла од Босна и Херцеговина се пофали на социјалната мрежа ТикТок со изненадувањето што холивудскиот актер Вин Дизел ѝ го приредил нејзе и на нејзиниот партнер, и тоа во текот на фотографирањето на нивната венчавка. Инаку, свадбата се одржувала во Германија.

Имено, Лејла се омажила за германскиот актер Матијас Хон, а во видеото можете да видите како на фотографирањето во Минхен им се придружил холивудскиот актер, кој престојувал таму во текот на викендот.

Лејла за „Билд“ открила дека поминал покрај нив додека се фотографирале и дека не можел да одолее, а да не им пријде.

– Одеднаш автомобилот застана и излезе член од обезбедувањето. Ни пријде и ни рече на англиски: „Имам некој што сака да ви ја честита венчавката“ – се присетила Лејла за „Билд“.

Таа продолжила да го опишува искуството како „неверојатно“, велејќи: „Во тој момент не можевме да поверуваме, бидејќи се случи толку ненадејно додека се фотографиравме, но секако бевме повеќе од среќни, каква е таа судбина тој да се најде токму таму каде што бевме на денот на нашата венчавка“.

– Мислам дека најдоброто нешто на светот е кога луѓето се спојуваат од љубов – се слуша во видеото како Дизел им зборува на младенците, а тие не можеле да ја сокријат возбудата и среќата.

@matze.lejla an alle die sagen es war nicht der echte☝?#viral#fy#foryou#hochzeit#vindiesel#marriage ♬ Sve Je Laž – Dino Merlin

„Ова е повеќе од преслатко“, „Сигурно е најдобриот момент досега“, „Замислете, Дизел да ти дојде на свадба“, „Среќен е што луѓето стануваат семејство“, се само дел од коментарите под објавата на Лејла.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот