Фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER

ВИДЕО | Вил Смит одлучи да проговори преку песните на новиот албум: „Морав да го вратам Оскарот затоа што сум црн“

На својот нов албум, музичарот и актер Вил Смит одлучи директно да зборува за сега веќе легендарниот шамар на Оскарите и за сите последици што следеле по него.

Новиот лбум на Смит  насловен „Базирано на вистинска приказна“ (Based on a True Story), прв соло проект по 20 години,кој од денеска официјално достапен за јавноста, се осврнува на реакциите за инцидентот со Крис Рок но и сето она што потоа следело.

„Му наредија да го направи тоа затоа што е црн“

Првата песна која се наоѓа на албумот е „Инт. Берберница – ден“ (Int. Berbershop – Day), на кој гостува диџејот Џези Џеф и Б. Симон.

Првата изговорена реченица е „Вил Смит е „откажан“. Потоа следена гласови во заднина, со реплики како: „Што мисли Вил Смит, кој е тој? и „Никогаш нема да му простам за тоа што го направи“.

Песната потоа се фокусира на шлаканицата:

„Слушнав дека му иде лошо / Слушнав дека доби Оскар, но мораше да го врати / И знаеш дека му наредиле само затоа што е црн“.

Во контекст на песната, важно е да се напомене дека Смит не мораше да го врати Оскарот. Академијата му забрани да добива награди десет години, но тој ја задржа статуетката.

„Подобро да не зборуваш за неговата сопруга“

Песната исто така се однесува и на неговата бурна реакција во одбрана на Џејд Пинкет Смит:

„Сакаш да ја имаш Џејд Пинкет покрај себе / Тој и Џејд се и двајцата луди – девојко, што зборуваш / Подобро да не ја спомнуваш неговата сопруга“.

Но, Смит не застанува на ниту една песна. Во песната „Ме бараш?“ (You Lookin‘ for Me?) рапува за неговиот камбек:

„Беше тешко, но се вратив на врвот / Ќе мора да се навикнеш / Нема да престанам, она што го правам сè уште гори / Дури и ако не бидам номиниран“.

Поминаа три години откако шегата стана вирална, но јасно е дека Смит сè уште има доста работи на ум и има уште многу што да каже.

Инаку албумот има 14 песни и трае 37 минути, а итстот веќе е објавен на  „Спотифај“ една од најпопуларните платформи за слушање музика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот